top of page

Нострификација на дипломи

1 - Нострификација на средношколски дипломи и занаети

Нострификацијата на дипломи е клучен чекор ако сакате вработување како стручен кадар во Германија.

Нашиот тим од експерти поседува искуство и знаење потребни за олеснување и забрзување на процесот на нострификација на дипломи. Ние ви помагаме при:
 

  • Прибирање на сите потребни документи.

  • Правилно пополнување на барањата.

  • Комуникација со надлежните институции во Германија.

     

Предностите на нострификацијата на дипломи се многубројни:
 

  • Отварање можности за брзо и едноставно добивање на виза.

  • Спојување на семејството.

  • Запишување на работниот стаж од матичната држава во Германија.

  • Работа како стручен кадар со подобри работни услови и повисоки примања.
     

Ангажирањето на Канцеларијата Ангеловска ви овозможува да ги избегнете можните компликации во процесот на признавање на стручната квалификација. Ние ќе ве водиме низ целиот процес, обезбедувајќи ви стручни совети, поддршка и грижа за да постигнете успешен исход од нострификацијата на вашата диплома.
 

Без разлика дали веќе сте во Германија или планирате преселба, нострификацијата е подеднакво важна. Дозволете ни да ви помогнеме во овој важен чекор кон вашиот професионален успех.

2 – Еквиваленција на факултетски дипломи
 

Процесот на еквиваленција на факултетска диплома, односно проценка за тоа колку дипломата стекната на некоја високообразовна институција/универзитет надвор од територијата на Сојузна Република Германија е споредлива со соодветното звање/професија во Германија.
 

На крајот од овој процес, институцијата издава документ под името „Zeugnisbewertung“ (Решение за споредливост на дипломата), кој го опишува странското факултетско образование, како и неговата професионална и академска употреба во Германија.

Со решението за споредливост на дипломата, пристапот до германскиот пазар на труд е значително олеснет, што го прави полесно аплицирањето за работа.

Со овој документ значително се зголемува веројатноста за пронаоѓање соодветен работодавец во струката и за понатамошно вработување.

Доколку вашата струка е класифицирана како регулирана професија во Сојузна Република Германија (на пример: негувател, медицински персонал, учител, логопед, психолог итн.), тогаш се спроведува процес на нострификација на дипломата за регулирани професии, кој се разликува од претходно опишаниот процес.
 

Нострификациите за одредени регулирани професии ги спроведуваме, додека за некои не, затоа ве советуваме да ни се обратите преку
е-пошта на info@kancelarijaangelovska.com за дополнителни информации и совети.

Контактирајте Нас

bottom of page